Делегација на Општина Крива Паланка, предводена од градоначалникот Борјанчо Мицевски, денес е во официјална посета на Бор, по повод одбележувањето на празникот на градот, 3-ти Октомври.
На покана на градоначалникот Александар Миликиќ, делегацијата од Општина Крива Паланка ќе присуствува на главната свеченост и свечената академија, како и на другите настани организирани по повод Денот на градот Бор.
Крива Паланка и Бор започнаа постапка за збратимување заради унапредување на веќе воспоставеното пријателство и развивање и продлабочување на можности за соработка во областа на културата, спортот, граѓанскиот сектор, младинскиот активизам и економијата, како и јакнењето и негувањето на блиските врски со големиот број на иселеници од кривопаланечкиот крај.