Чистење на пограничниот пат во атарот на селата Узем, Трново и Мала Црцорија

Во текот на изминатиов период Општина Крива Паланка презеде активности за чистење на пограничниот пат од граничниот премин Деве Баир до тромеѓето на Србија, Бугарија и РС Македонија, во должина од 24 км, во атарот на селата Узем, Трново и Мала Црцорија.

После 15 години извршена е санација на тој дел од теренот, со цел за превенција од пожари како и брза и навремена интервенција на сите служби. Притоа беше извршено порамнување, проширување, делумно одводнување и делумно насипување, како и одстранување на околната вегетација.

Големина на фонт
Контраст