Презентација на ГИС системот на општина Крива Паланка

Во просториите на Општина  Крива Паланка, вчера беше презентиран ГИС системот на општина Крива Паланка, во кој се интегрирани податоци од тековните процеси на општинската администрација и ресурсите со кои општината располага како и отворените податоци од други институции.

– Паметен град или „смарт сити“ е концепт, кој сакаме да го понудуме на нашите сограѓани и сите други корисници, за полесно и современо функционирање, а тоа значи воспоставувањето на ГИС систем кој ќе ни овозможи забрзување на процесите  и олеснување и видливост на потребните информации и процедурите.

И еве, после година дена од почеток на проектот за воспоставување на ГИС ситемот за општина Крива Паланка, денес сме пред почетокот на видливото решение на нашиот стремеж кон имплементација на идејата за ,,паметен град“, што всушност претставува платформа за дигитализација на податоците и ресурсите со кои општината располага.

Овој концепт се карактеризира со користење напредни дигитални технологии за оптимизирање на локалните ресурси, намалување на трошоците, подобрување на квалитетот на живот и обезбедување подобри услуги на сите граѓани, изјави градоначалникот Мицевски на презентацијата.

ГИС системот нуди дигитализација во урбанистичката сфера, инфраструктурата, водоводната и канализациона мрежа, систем за осветлување, систем за паркирање и многу други можности за интегрирани податоци од тековните процеси на општинската администрација.

Системот  е достапен за стручните служби на Општина Крива Паланка, а во најбрзо време ќе биде достапен и за потребите на сите граѓани.

 

Големина на фонт
Контраст