Како резултат на мошне добрата соработка меѓу Општината Крива Паланка и овластениот колективен постапувач со електронски и електричен отпад, батерии и акумулатори, компанијата ЕЛКОЛЕКТ ДОО од Скопје, денеска е поставен уште еден метален еко магацин за одлагање на електонски и електричен отпад во нашиот град.
Еко магацинот е поставен на улицата „Свети Јоаким Осоговски“ непосредно пред Ветеринарната станица и истиот е наменет за граѓаните од долниот дел на градот.
Отука е-отпадот ќе биде превземен од лиценцирана компанија и ќе биде соодветно складиран и третиран, при што деловите што можат да се реупотребат или рециклираат ќе бидат селектирани, а она што неможе да се рециклира ќе заврши во постројка за преработка на отпад.
Поставувањето на овој еко магацин вооедно е и по барање на граѓаните од долниот дел на градот кои одлагањето на електричниот и електронскиот отпад досега мораа да го спроведуват во еко магацинот кај автобуската станица.
Сооглед дека ваквиот вид на отпад согласно на законот е забрането да се меша и одлага со комуналниот отпад, со овој магацин се створени услови за граѓаните да имаат простор каде да го одложат истиот, а со цел заштита на животната средина за нас и за идните генерации.
Дека навистина треба да се грижиме за својата околина и правилно да постапуваме со отпадот, веднаш на дело денеска го покажаа најмладите од детската градинка „Детелинка“, кои покрај љубопитноста зошто и како служи овој сад, заедно со своите одговорни се организираа и одложија неколку парчиња на непотребен електронски отпад од својата установа сакајки на овој начин да упатат порака до возрасните дека и тие треба да го одлагаат секој отпад на определеното место.
Само оваа година од страна на граѓаните се предадени или одложени над 5 тони на непотребен електричен и електронски отпад.