Заменик министерот за локална самоуправа, Дејан Павлески во работна посета на Крива Паланка

Заменик министерот за локална самоуправа, Дејан Павлески, денес оствари работна посета на општина Крива Паланка и изврши увид во активностите за изградба на минор-корито на Крива Река и изградба на канализација во селото Конопница, проекти финансирани преку Програмата за рамномерен регионален развој, при што информира дека за проекти во регионите и општините во државта лани биле издвоени 7 милиони евра.

-Денес сум во посета на Крива Паланка на увид во градежните работи и реализација на  проектите финансирани преку Програмата за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа, а кои  се спроведуваат преку Бирото за регионален развој. Тоа се проекти за изведба на регулација на минор-коритото и хортикултурно уредување на дел од Крива Река, а финанисраме и изградба на канализација во село Конопница и проектна документација за изградба на патен правец Крива Паланка- Калин Камен, преку селата Варовиште, Кошари и село’Бс.

Трите проекти се со вкупна вредност од околу 170.000 евра, а ние како министерство ги зголемуваме од година во година средствата наменети за поддршка на регионите и општините. Минатата година беа издвоени седум милиони евра и се надевам со новиот буџет следната година, оваа сума ќе биде над осум милиони евра, а ние правиме се и преку буџетски средства и со средства од програмата за прекугранична соработка, се што може да помогнеме, да се финаисира, а таква можност има општина Крива Паланка, која досега успешно имплементира проекти  со Бугарија и Косово, од неодамна и со Р. Србија, изјави Павлески.

Висината на проектот за регулација на минор-коритото изнесува 7.200.000 денари, а проектот за изградба на канализација во с. Конопница со учество на општината  е 4,5 милиони денари и проектната документација  за патниот правец кон Калин Камен, е околу милион денари.

-Ние како локална самоуправа на Крива Паланка имаме позитивно искуство со проекти коишто се менаџираат од ова министерството, пред се проектите од прекугранична соработка и со Бугарија и Косово, од ИПА-програма, сега и со Р.Србија, но верувам и во претстојниот период, со се што е како активност преку Бирото за регионален развој,  ќе внесеме нови моменти во нашата локална заедница, зашто сите овие инфраструктурни проекти се од особено значење за жителите и целокупната локална заедница, рече градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

Големина на фонт
Контраст