Градскиот оркестар „АЛЕГРО“ од Крива Паланка викендов се врати со освoено прво место од Меѓународниот детски креативен фестивал „Зборуваме руски“ кој се одржа во Скопје. Најмладите кривопаланчани-виртуози на музичките инструменти пред публиката во Скопје се претставија со својата изведба под диригенската палка на професорката Лариса Жулина-Митовски, во конкуренција на млади музичари од повеќе градови во земјава. Бројната публика со големо внимание ја проследи изведбата на руската народна песна “Калинка – малинка”.
-Градскиот оркестар „Алегро“ се претстави во најдобро светло. Впрочем, затоа и работиме со учениците, затоа се трудиме наученото и сработеното да го презентираме пред публиката, која несомнено ужива во звуците од малите музички таленти од Крива Паланка – вели професорката Жулина-Митовски.