Денес во големата сала на Oпштина Крива Паланка се оддржа Проектен форум, кој Oпштина Крива Паланка го реализира во соработка со граѓанските организации НВО Инфоцентар и Спектар, во рамки на проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, а форумот е поддржан од Mеѓународниот центар Улоф Палме од Шведска.
Проектниот форум го водеше модераторот Лидија Митовска, а презентацијата на критериумите по кој функционира форумскиот процес ги претстави раководителот на секоторот за правни и општи работи, Мартин Николовски.
На форумската сесија беа вклучени учесници од различни професии, претставници од месните заедници, невладиниот сектор, од јавни институции, општинската администрација, бизнис заедницата и други граѓани.
Според правилата на форумскиот процес, учесниците на Проектниот форум беа поделени на неколку работни маси, преку кои ги презентираат своите предлози за приоритетни проекти.
Учесниците на Проектниот форум дадоа вкупно 22 предлога, а како приоритен предлог од сите работни маси беше избран предлогот за изработка на техничка документација за изградба на спортско рекреативниот локалитет- Калин Камен.
Модераторот Лидија Митовска на крајот им се заблагодари на граѓаните за нивното активно учество и придонес во Проектниот форум и рече дека, и другите предлози кои произлегоа од страна на форумот, ќе бидат сметани за приоритети на општината во делот на планирањето на идните програми.
Целта на Проектниот форум е вклучување на граѓаните во процесот на донесување на одлуки на локално ниво, како и можноста за директно влијание врз подобрувањето на социоекономската состојба во општината, а во насока на подобрување и на сопствениот живот.