Временските услови овозможуваат градежните активностите за рехабилитација на објектот на детската градинка Детелинка да течат со несмалено темпо. Имено по промената на кровот, течат активностите за изградба на термоенергетска фасада и промена на целокупната столарија и тоа по цели 40 години.
Во текот на вчерашниот ден обиколка и увид во работите направија претставници од канцеларијата на УНОПС со раководителката Шерифе Исмаили Касапи. Се работи за финансиска помош од околу 90.000$ со која ќе се подобри енергетската ефикасност на објектот и условите за сместување на околу 200 дечиња.
Ова е трета активност на овој објект за само неколку месеци, по што се очекува распишување на јавна набавка и за надградба на нов кат на објектот во централното градско подрачје за што веќе е комплетирана проектната документација и се обезбедени 23.500.000 денари од Министерството за труд и социјална политика.