Денес градоначалникот Борјанчо Мицевски, заедно со директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Гоце Цветковски и претставникот од Министерството за труд и социјална политика, извршија обиколка и увид во завршните активности за опремување и отварање на општинска канцеларија за социјални работи.
Подготовката и опремување на канцеларија во рамки на Општината, како и неодамна формираниот Совет за социјална заштита и Програмата за социјална заштита на Општина Крива Паланка за 2020 година, претставува директна поддршка на локалната власт во обезбедувањето на социјалните услуги за граѓаните, а се во насока на поголема пристапност и достапност до правата и услугите од социјалната заштита и развојот и унапредување на социјални услуги во нашата заедница, изјави градоначалникот Мицевски.
Канцеларијата е опремена преку аплициран проект и во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Меѓуопштинскиот центар за социјални работи и официјално ќе биде ставена во функција за десетина дена.
Денес успеавме да комплетираме и опремивме канцеларија за подобрување и доближување на социјалните услуги до граѓаните и очекуваме да услугите кои што ги дава Министерството за труд и социјална политика, Меѓуопштинскиот центар и Општината во делот на социјалната и детската заштита, бидат полесно достапни, изјави координаторката на проектот „Поблиску до граѓаните“.
Една од главните цели на проектот е развој и подобрување на квалитетот на социјалните услуги во локалните заедници, согласно со потребите на граѓаните и зголемување на пристапот до социјалните услуги наменети за ранливите групи на граѓани, постарите лица, лицата со попреченост и други лица, за што се обезбедени вкупно 10,8 милиони евра.