Во Крива Паланка промоција на „Везот на животот” на Ана Дедова

Во библиотеката „Кочо Рацин” при Националната установа Центар за култура Крива Паланка се одржа промоција на најновата поетска збирка на Ана Дедова, насловена „Везот на животот”.

Промотор на книгата беше Славица Цветкова од литературниот клуб „Копнеж” од Кочани.

-Ана е долгогодишен член на нашиот литературен клуб, таа е инспиративна личност, упорна, и по цена да се изгори, посегнува по сонцето-по огнот, порака што и им ја пренесуваме на младите, дека не постои невозможно. Поезијата е нејзин фах, таа постојано пишува, емоциите со кои е преполна ги прелева на хартија со перото. Потекнува од уметничко семејство, кое секогаш е нејзина голема поддршка, а дизајнот на книгата е на нејзиниот брат, ејан Дедов. Автор е на четири збирки, а оваа ја издаде на почетокот на месецот на книгата, испечатена во тираж од двесте примероци. Има 41 песна на Ана, но и од автори кои и посветиле песни. Таа е инспиративна со нејзината способност да ги преточува чувствата. Ана е амбасадор на културата во Хрватска, каде пред две години излезе нејзината книга посветена на Даниела Мартиновиќ, чијшто фан е 27 години. Таму имаше и промоција .Има пријатели секаде, Хрватска, Србија, Бугарија насекаде низ државата. Нејзината поезија најдобро ќе ја почувствувате со очите, со срцето и умот. Се е кристално чисто во изразот на Дедова, нема потреба од украси, рече Цветкова.

Стихови од книгата на Дедова интерпретираа членови на литературниот клуб „Калин“ на НУЦК Крива Паланка.

 

Големина на фонт
Контраст