Во Големата сала на општина Крива Паланка денес се одржа јавна презентација на Предлог буџетот на Општина Крива Паланка за 2020 година, а во рамки на проектот ,,Мои пари моја одговорност“ поддржан од УСАИД, а во реализација на Граѓански центар за оддржлив развој ЕГРИ и со поддршка на Општина Крива Паланка.
Пред присутните, од страна на раководителот на одделението за финансиски прашања, Драгица Митровска, беше презентиран начинот и процесот на креирање и донесување на општинскиот буџет, како и изворите на финасирање.
Рааководителите на одделенијата при Оппштина Крива Паланка детално ги презентираа програмите од областите на урбанистичко планирање, комунални работи, информатичко-комуникациската технологија, култура, образование, граѓански сектор, социјална заштита, спорт, меѓународна соработка, локален економски развој, јавно советлување, заштита и спасување, оддржување на јавната чистота, животна средина и други области од надлежност на општината.
Градоначалникот Мицевски ги поздрави присутните на јавната расправа и истакна дека општинските служби секогаш се на располагање на граѓаните, а денес и непосредно, за конкретно прифаќање на Ваши сугестии, предлози и идеи.
-Општината покажа диверзификација на активностите во изминатиот перид: седнициоте на Советот се пренесуваат во живо на отворениот you tube канал, за разлика од порано кога само се прикажуваа снимки, организираме бројни јавни расправи, дебати, презентации и форуми, сите отворени за предлози на граѓаните, општинските програми од годинава ги правиме родово сензитивни, а нa веб страната на Општината имаме апликација за директен контакт со службите (live chat). Она што е важно и граѓаните треба да бидат одговорни во подмирување на обврските кон Општината, заради прибирање на средства за реализација на годишните програми, изјави градоначалникот Мицевски пред присутните.