На ден 31.12.2011 (сабота) во пресрет на новогодишната ноќ Градоначалникот Арсенчо Алексовски ги посети дежурните одделенија на институциите кои се грижат за безбедноста и здравјето на граѓаните и притоа се информираше за подготовките кои овие служби ги имаат направено за да помине се во најдобар ред на пречекот на Новата година и во текот на празничните денови.
Притоа, Градоначалникот од името на сите граѓани на Општината им ги честиташе предстојните празници на вработените во овие служби и им подари кафемати кои ќе им бидат добродојдените на сите дежурни во ноќните смени.