Во Општина Крива Паланка во тек е имплементацијата на три проекти од ИПА Програмата за прекуграничка соработка со Р.Бугарија.
Со општина Дупница исто така се имплементира и проектот „Културно наследство- мост кон заедничка иднина“ со кој е предвидено формирање и опремување на Центар за културно и историско наследство во Крива Паланка, оформување на соодветен изложбен простор за поставување на првата археолошка поставка, изработка и издавање на книга за старите занети во регионот на Општините Дупница и Крива Паланка, организирање на заеднички културни работилници и изложби за студенти од двете општини и партерно уредување на дворот од објектот во простор за рекреација со фонтана и детско игралиште.
Проектот „Туризам без граници“ предвидува развој и имплементација на електронски платформи – 8 инфо-терминали, поставен во Ќустендил, Штип и Крива Паланка, поврзани во мрежа од страна на специјализиран софтвер. Инфо-терминалите ќе овозможат лесно пребарување (со екран осетлив на допир) на информации за туристичките знаменитости во регионот како и на достапната туристичка инфраструктура (ресторани, хотели, одмаралишта, …).