Во просториите на Општина Крива Паланка се одржа работна средба со претставници на Општина Ќустендил и Општина Штип во рамките на проектот „Туризам без граници“ од ИПА Програмата за прекугранична соработка.
На средбата беше разговарано за досегашните активности на проектот како и за динамиката на активностите кои треба да бидат превземени од трите општина за успешна имплементација на проектот согласно предвидената временска рамка.
По извршениот избор на фирмите кои ги изработуваат инфо-терминалите заедно со пропратниот софтвер следува организирање на работилници во трите општини како и поширока медиумска презантација.