Во големата сала на Општина Крива Паланка, денес се одржа првата работилница од процесот на подготовка – креирање на „Стратегија за развој на Oпштина Крива Паланка 2021 – 2025“.
Во подготовка на овој значаен стратешки документ беа вклучени претставници од општина Крива Паланка, Советот на Општината, претставници од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор.
Креирањето на Стратешкиот план ќе се одвива во наредните неколку месеци низ отворен, партиципативен и транспарентен процес, во кој можат да се вклучат сите заинтересирани граѓани и во наредниот период, со нивно директно учество, со нивни конкретни идеи, предлози и насоки во кои треба да се движи развојот на нашата локална заедница.
Планирани се уште неколку работилници, после кои работниот тим ќе ја финализира стратегијата, а самиот процес е воден од надворешен експерт, Кристина Хаџивасилева од UN Women организацијата, во соработка со општинската администрација, во рамки на регионалниот проект „Промоција на родово одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и одговорно управување во Република Северна Македонија“.