Прес конференција за престојниот фестивал на детска песна РАСПЕАНО СИМИТЧЕ

Во општинската сала на Крива Паланка денес се одржа промотивна прес конференција за најава на престојното петто издание на  фестивалот на детска песна „Распеано симитче“.

Организатор на фестивалот е Центарот за аудиовизуелни уметности од Крива Паланка,  а покровител и соработник е Општина Крива Паланка,  со логистичка поддршка од страна на НУ Центар за култура и ЛУ Градски музеј од Крива Паланка.

Директор на фестивалот е Методиј Цветковски, а продуценти на музичкиот материјал се Сашо Митковски  и Игор Трајковски. На фестивалот ќе бидат изведени вкупно 15 нови и квалитетни песни од авторите  Игор Трајковски, Снежана Николовска, Лариса Жулина Митовски, Билјана Антовска, Гордан Спасовски, Анета Санев и Филип Додевски.

Фестивалот на детска песна „Распеано симитче“ ќе се одвива во текот на наредните два дена, (вторник и среда) 24 и 25 декември во НУ Центар за култура. За утрешното издание планирани се три престави и тоа:  првата со почеток од  11.00 часот, втората со почеток од  14.00 и третата претстава од 18.00 часот. За среда (25.12.2019г.) планирани се две претстави со почеток од  12.00 часот и од 18.00 ч. Билетите ќе бидат пуштени во продажба два часа пред преставите, а ќе се продаваат на билетарницата во НУ Центар за култура.

На пресот присувствуваше и градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски,  кој посака успешна реализација на ова издание на фестивалот и во ова прлика изјави:

-Морам да кажам дека Општина Крива Паланка несомнено прераснува во фестивалски град со голем  број на квалитетни фестивалски манифестации, кои траидиционално се одржувааат секоја година и затоа како градоначалник особено сум благодарен, како на организаторите и поддржувачите, така и на публиката и јавноста која со голем интерес ги следи сите овие настани.

Со реализацијата на овој фестивал на детска песна ја збогативме и културната понуда на градот, а целата која ја постигнуваме е созадавње на еден нов формат на музичко  изразување кај најмладите генерации, како и создавање на сцена за нивен јавен настап, со креирање на квалитетни културни навики на кривопаланечката публика, која со нетрпение и голем интерес го следи ова несекојдневно музичко збиднување во нашиот град. А воедно, на младите учесници изведувачи на песни, им даваме можност за прв настап на сцена и создавање на први искуства во тој поглед.

Директорката на центарот за култура, Мира Ѓеорѓиевска изјави дека Крива Паланка, освен по симитот полека почнува да станува препознатлива и по фестивалот „Распеано Симитче“ , а годинава ќе имаме многу детски хитиови, кои ќе се пеат не само во Крива Паланка туку и низ целата држава и за тоа ни е потребна малку поголема презентација и медиумска поддршка, а НУ Центар за култура ќе биде местото за промоција на најновите 15 хита од овој фестивал.

Како што најави директорот на фестивалот, Методи Цветковски, и оваа година се работи на медиумска промоција и за таа цел ќе се издаде аудио издание- ЦД кое ќе биде пуштено во продажба и на самиот фестивал, а целиот фестивал ќе се снима и од тој матријал ќе биде изадено и ДВД издание. Исто така се планира и телевизиска поддршка на фестивалот со понатамошно емитување на целиот фестивал, како и промоција преку социјалните медиуми.

 

 

Големина на фонт
Контраст