На 14 февруари во просториите на Општина Крива Паланка се одржа презентација на Програмата на Европската Унија „Култура 2007-2013 година“, во соработка со Информативниот центар на Делегацијата на Европската Унија и информативната мрежа за ЕУ.
Презентацијата ја водеше г-ѓа Биљана Прентоска од контакт точката за Програмата при Министерството за култура на Р. Македонија.
Во рамките на презентацијата присутните претставници на општината, локалните институции и невладини организации беа запознати со видот на поддршка што ја обезбедува Програмата „Култура 2007 – 2013“ на ЕУ чија цел е да го потикне збратимувањето на градовите, да ги развие културниот туризам и индустријата, да ги направи потребните мрежи за полесно ширење на информациите од областа на културата насекаде низ Европа и да им овозможи на уметниците и на т.н. културни оператори полесно да се движат и заеднички да организираат културни настани и манифестации.
Присутните имаа можност да постават прашања за одредени аспекти на Програмата, а беше нагласена и потребата за поголема координираност и соработка помеѓу културните оператори од земјата, но и потреба од информации и размена на конкретни искуства и со субјекти од ЕУ кои биле лидери или копартнери во програмата.