Градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски заедно со стручните служби, денес направи обиколка на завршените инвестициски активности во ООУ „Јоаким Крчовски“, каде меѓудругото е извршена комплетна санација на санитерните јазли после 40 години.
Во оваа прилика директорот на училиштето, Дане Петровски, истакна дека во текот на 2019 година во ООУ „Јоаким Крчовски“ се направени низа на градежни активности и тоа:
- Комплетно се изградени нови санитарни јазли (со комплетно заменети доводна и одводна мрежа), со што е остранет причинителот за изгледот на фасадата каква што е во моментот, а вградени се по два хидранта на сите катови и подрумски делови. Заменета е и доводната мрежа со соодветно 16 -барско црево.
- Комплетно се заменети сите плочки по хоризонтали и вертикали во објектот од двата влеза.
- Вградени се и фотоволтаични панели.
За наредната година се планира итно санирање на постоечката фасада со термоизолацина (енергетски ефикасна) фасада, со што се заокружува целокупниот процес за комплетно реновирање на овој учишен објект, а со што тој ќе ги исполни условите за енергетско ефикасен објект.
Сите училници каде што учат ученици до петто одделение во градот и подрачните училишта се опремени со смарт телевизори, достапен интернет, а извршена е набавка и на две смарт табли, повеќе проектори и лаптоп за секој што има потреба, изјави директорот Петровски.