Претставување на новиот волонтер на Мировен корпус во општина Крива Паланка

Новиот волонтер на Мировниот корпус за Општина Крива Паланка, Александар Бенишек, денес во општинската сала го  презентираше своето работно искуство, своите вештини, капацитети и компетенции и зборуваше  за тоа, како  и на кој начин може да ги поддржи локалните здруженија на граѓани,  младинските клубови и цивилниот сектор во општина Крива Паланка.

Во  презентацијата тој нагласи дека, покрај свoјот основен ангажман во општината, со нетрпение  очекува да соработува и со другите чинители во локалната заедница, а  сите  заинтересирани за соработка  може да го контактираат на а[email protected].

Во наредните две години, волонтерот на Мировен корпус, Александар Бенишек, ќе престојува во општина Крива Паланка, која има долгогодишна успешна соработка со мисијата на Мировниот корпус, а исто така  ќе работи и со извидничкиот одред Наум Наумовски Борче.

Големина на фонт
Контраст