Новогодишен прием во Општина Крива Паланка

Денеска Општина Крива Паланка организираше предновогодишна средба за локалните стопанственици, претставници од јавниот живот, културни работници, претставници на образовните институции, претставниците од НВО секторот, пензионерите, граѓани и голем број други соработници.

Градоначалникот Мицевски им заблагодари на сите присутни за нивното досегашно залагање и нивниот придонес во унапредувањето и развојот на општина Крива Паланка.

– Во оваа прилика  сакам да ви ја честитам Новата година и Божиќните празници и да ви посакам здравје, среќа и успех на личен и професинален план и овие празнични денови да ги поминеме во мир, заедништво, толеранција и разбирање, порача градоначалникот Мицевски.

Големина на фонт
Контраст