По повод престојните новогодишни и божиќни празници, денес градоначалникот Борјанчо Мицевски организираше традиционален ручек со штитениците од Дневниот центар за лицата со попреченост.
По тој повод градоначалникот Мицевски, во име на локалната самоуправа, на штитениците им врачи и новогодишни подароци им посака многу здравје, среќа и радости и воедно ги покани да присуствуваат на престојниот новогодишен хепенинг.
Вработените од Одделението за дневен престој на лица со попреченост, изразија голема благодарност до градоначалникот Мицевски и локалната самоуправа, за вниманието, грижата и љубовта што ја покажаа во изминатиот период и поради тоа што и оваа година, градоначалникот ги израдува и ги посети штитениците пред претстојните празници.