Градоначалникот Борјанчо Мицевски заедно со претседателката на Советот на општина Крива Паланка, Изабела Павловска, денес ги посетија дечињата од трите објекти на градинката ,,Детелинка“ и заедно со Дедо Мраз подарија новогодишни пакетчиња на сите дечиња од овие објекти, радувајќи ги и пренесувајќи им го предновогодишното расположение.
-Наша цел и обврска како општина, е да направиме се за најмладите, за оние кои ни се и најмили и најбитни во животот, да направиме да имаат среќно и весело детство, а во овие новогодишни празнични денови да им донесеме радост и среќа.
На сите дечиња им посакувам да имаат среќно и безгрижно детство и Новата година да им донесе многу игри и детски насмевки, како и успеси во понатамошниот живот, истакна градоначалникот Мицевски.