Градоначалникот Борјанчо Мицевски денеска ги додели наградите на најдобриот пожарникар и најдобриот полициски службеник во општина Крива Паланка за 2019 година.
Наградата за најдобар пожарникар од ТППЕ Крива Паланка ја доби Слаѓан Давитковски, а наградата за најдобар полицаец за 2019 година ја доби Владимир Стојановски.
Верувам дека дека ова признание и награда, поттикнува лична мотивација кај секој од вас, да не ја штедите вашата хуманост, одговорност и посветеност кон работните задачи и овој принцип да го користиме во секој момент и да го покажеме на дело во средината во која живееме и работиме, рече градоначалникот Мицевски при доделувањето на наградите.
Изборот на најдобрите беше исклучиво на предлог на командирите на двете служби.
Фото галерија