Општина Крива Паланка Ве поканува на традиционалната Манифестација „Ден на шегата “ која ќе се одржи на ден 30.03.2012 (петок) година на Плоштадот во Крива Паланка со почеток во 11.30 часот.
Како и секојa година така и оваа ќе учествуваа најмалите, најслатките, најсмешните и највеселите дечиња од ОЈУДГ Детелинка, ООУ Илинден и ООУ Јоаким Крчовски.
Манифестацијата ќе биде проследена со дефиле низ улицата Св.Јаоким Осоговски и културна манифестација со кажување шеги и лаги, музика и игра , а најмалите ќе уживаат и позираат пред камерите на родителите и пријателите.
Повелетe на овој ден да дадеме подршка на креативноста на најмалите кривопаланчани.
ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА