Во рамки на активностите за промоција на Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР), Делегацијата на Европската Унија, Информативната мрежа за ЕУ и Општина Крива Паланка организираат информативен ден за граѓанското општество. Целта на информативниот ден е да се овозможи граѓанските организации т.е. невладиниот сектор во општината да се запознаат со неодамна објавениот (10 април 2012г) „ПОВИК ЗА ПРЕДЛОЗИ“ во рамки на европскиот инструмент за демократија и човекови права на ЕУ.
Крајниот рок за поднесување предлог проекти е 25 мај 2012. (Предлозите се поднесуваат до Делегацијата на ЕУ во Р.Македонија )
Во рамките на презентацијата ќе се овозможи детално запознавање со грант инструментот на ЕУ, поддршката што ја обезбедува инструментот, критериумите за аплицирање, начинот на аплицирање и други детали.
Ве покануваме да присуствувате на Презентацијата , кој ќе се одржи на 27-ми април во 11:00 часот, во салата на Општина Крива Паланка, ул.„Св.Јоаким Осоговски“ бр.175.
Општина Крива Паланка
Градоначалник,
Арсенчо Алексовски