На 25.04.2012 претставници на Општина Крива Паланка присуствуваа на презентација и пуштање во употреба на туристичките инфо-терминали во Ќустендил, Р.Бугарија. Поставувањето на терминалите е дел од проектот „Туризам без граници“ со кој се обезбедени средства во висина од 299.648 евра од ИПА Програмата за прекугранична соработка наменети за поставување на четири инфо –терминали во Ќустендил, два во Крива Паланка и два во Штип.
Во рамките на проектот е изработена и Стратегија за промоција на туризмот во пограничниот регион, насочена главно кон трите општини носители на проектот.
На презентацијата на проектот беше истакнато дека Општина Крива Паланка и Ќустендил со овој проект ја започнаа соработката во делот на искористување на европските фондови за прекугранична соработка која продолжува со припрема на нови проекти кои ќе ги доближат ове две географски блиски општини.