На ден 30.04.2012 година на ул.Св.Јоаким Осоговски, Општина Крива Паланка во соработка со основните и средното училиште организира Крос натпревар за ученици од 12 годишна возраст до 18 годишна возраст.Учениците ќе бидат поделени според возраста во четири категории, а во секоја категорија ќе има по две групи (машки и женски). Кросот ќе се одржи според следната агенда:
Прва група (шесто одделение деветолетка)
Старт-стара симитчија почеток 11.00 часот (женски) и 11.15 часот( машки)
Цел-Плоштад
Втора група ( шесто и седмо одделение осмолетка)
Старт-стара симитчија почеток 11.30 часот (женски) и 11.45 часот (машки)
Цел-Плоштад
Трета група (осмо одделение)
Старт-Јакомо техноцентар почеток 12.00 часот (женски) и 12.15 часот (машки)
Цел-Плоштад
Четврта група (ученици од средно образование)
Старт-Пицерија Елит почеток 12.30 часот (женски) и 12.45 часот (машки)
Цел-Плоштад