Еипата од ООУ Илинден под менторство на наставничката Даница Крстевска на ден 29.04.2012 година учествуваше на регионален натпревар во ДЕТСКИ СЕМАФОР одржан во Општина Старо Нагоричане и го освои првото место на екипно ниво.
Натпреварот се одвиваше помеѓу три екипи од Куманово, една од Липково, една од Кратово една од Старо Нагоричане и една од Крива Паланка.
Победничката екипа ќе учествува на државниот натпревар кој ке се одржи на 19.05. 2012 година во Скопје.
Честитки до целата екипа и успеси во натамошните натпревари.