Градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, денеска во својот кабинет оствари средба со амбасадорот на Руската Федерација во нашата земја, Н.Е. Сергеј Баздникин.
На средбата, градоначалникот Мицевски и амбасадорот Баздникин, дискутираа за перспективите за соработка и ги разгледаа можностите за поинтензивни контакти на сите полиња од заеднички интерес.
Како приоритет беа издвоени потенцијалите на економската соработка, особено во делот на енергетиката и процесот на гасификација, сообраќајната инфраструктура, како и потенцијалите за развој на зимскиот туризам и имплементација на модерните технологии за автоматизација и дигитализација на услугите за граѓаните.
Амбасадорот Баздникин на средбата истакна дека постојат отворени и реални можности за соработка со општина Крива Паланка и дека тој како амбасадор на Руската Федерација, ќе ги вложи своите капацитети и досегашно искуство за да се остварат потенцијалите.