Во рамки на предвидените програмски активности на Општината, од страна на Јавното комунално претпријатие Комуналец во тек е расчистување и порамнување на речното корито на Крива Река на потегот од Големиот мост кон Бегови бавчи. Овој дел од речното корито е обраснат со висока тревна и жбунеста вегетација, целосно непорамнет и соодветно не уреден.
Во тек е отстранување на несоодветната дива вегетација и комуналниот отпад како и порамнување на земјиштето со цел создавање на нормални услови за одржување на зелената површина на овој дел од корито на Крива Река како и можност од идно оплеменување со одредени содржини во интерес на граѓаните.
Фото галерија