Градоначалникот Борјанчо Мицевски и евроамбасадорот Самуел Жбогар, потпишаа меморандум за отварање на EU House во Крива Паланка.
EU House ќе биде урбан простор обезбеден од страна на Општината, каде младите ќе можат да се дружат, да учат, да се информираат и да ги споделуват своите ставови и размислувања, да дискутираат, да гледат филмови и да организираат разни други културни настани.
Ова е нов простор, кој всушност е продолжеток на долгогодишната соработка и партнерство помеѓу Делегацијата на Европската унија и Општина Крива Паланка.
Фото галерија