Во големата сала при Општина Крива Паланка, Градоначалникот г.Арсенчо Алексовски одржа состанок со претставници на спортските клубови и спортисти од Крива Паланка, на кој беше изложено досега сработеното во правец на развојот и унапредувањето на спортот како од аспект на реализацијата на низата проекти од областа на спортската инфраструктура така и останатите мерки за поддршка, но исто така и беше разговарано на најразлични теми но се на се , како да се подобри спортот во Крива Паланка, кои се перспективите и можностите за развој на спортот.
Претставниците на спортските клубови и спортистите покрај тоа што изразија благодарност во врска со досегашната соработка и поддршка од општината имаа и низа предлози како да се подобри состојбата со спортот во градот. Градоначалникот Арсенчо Алексовски изрази задоволство од успесите на спортистите и истакна дека тоа е мотив плус за да се направат дополнителни напори да се подобри состојбата на спортот во Крива Паланка, што ќе донесе повеќекратни резултати.
