Според програмата на Владата за реконструкција и рехабилитација на локалната патна инфраструктура од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) беа обезбедени 409 000 евра, кои се наменети за два приоритетни патни правци во општина Крива Паланка.
Средствата ќе бидат инвестирани за реконструкција и рехабилитација на:
– Патниот правец Крива Паланка – с. Мартиница, преку населба Скрљава (делница 1- со должина од 497,6 метри и делница 2 -во должина од 632,41 м. или вкупно 1130 м) и
– Патниот правец Крива Паланка-с. Мождивњак, преку с.Конопница, во должина од 2,67 км. со можност за зголемување на должината према расположивите средства.
Целокупната процедура околу обезбедување на потребната техничка документација и тендерски постапки за избор на изведувач се завршени.
На 10.05.2012 год. беше потпишан Записникот за примопредавање на трасата и воведување на изведувачот во работа на двата патни правци и се очекува во најскоро време да отпочнат работите на терен.
Записник за примопредавање на траса на локален пат Крива Паланка – Мартиница
Записник за примопредавање на траса на локален пат с.Конопница – с.Мождивњак