Вчера во општина Свети Николе, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и евроамбасадорот Самуел Жбогар се сретнаа со градоначалниците од Источниот и Северо-источниот плански регион и компанијата „Excelor Holding Group” од Р.Бугарија која е избрана како најповолен понудувач за набавка и достава на опремата за собирање и транспорт на комунален отпад.
На средбата се презентираше поддршката од ЕУ за 18-те општини од двата региони и општина Свети Николе за воспоставување на регионален систем за управување со отпад која започнува со релизација на првиот договор за набавка на возила за собирање и транспорт на отпад.
Според договорот, во рамки на проектот за регионално управување со отпад, ЈП Комуналец ќе добие три нови возила за смет.