Заменикот шеф на мисијата на САД во РС Македонија во посета на Крива Паланка

Денес во посета на општина Крива Паланка и СОУ „Ѓорче Петров“ беше  заменикот шеф на мисијата во Амбасадата на САД во Северна Македонија, Џенифер Р. Литлџон.

Во рамки на посетата, заменикот шеф на мисијата, Џенифер Р. Литлџон имаше можност да се запознае со условите во кои учат средношколците од кривопаланечкиот регион, а воедно да се запознае и со работата на наставниот кадар. Госпоѓа Литлџоун ги посети кабинетите по информатика, математика, англиски јазик, географија, библиотеката, како и спортската сала.

Во своето обраќање пред професорите, заменикот шеф на мисијата, Џенифер Р. Литлџон изрази големо задоволство од сето она што имаше можност да го види при денешната посета и изјави дека ова е нејзина прва посета на училиште во РС Македонија, во кое се чувствува воодушевено и за кое, слободно може да се каже дека е  училиште кое ги поставува највисоките стандарди во школувањето и постигнувањето на највисоки резултати.

Во рамки на посетата, пред учениците од СОУ Ѓорче Петров, беше презентирана и програмата за образование и  студирање во Америка.

Големина на фонт
Контраст