КК „Шампион“ со двајца натпреварувачи на Балканското првенство во Истанбул

Изминатиот викенд во Скопје под покровителство на Агенцијата за млади и спорт  се одржа Државно првенство за деца од 10-14 години во машка и женска конкуренција. Државното првенство беше критериумско за составување на државната репрезентација која ќе настапи на Балканското првенство во Истанбул, Република Турција во периодот од 24-26 април оваа година.

Оваа година на Државното првенство настапија рекордни 460 натпреварувачи во дисципните кати и спортска борба. Карате клубот „Шампион“ од Крива Паланка настапи со 6 свои натпреварувачи во спортска борба,  од кои со  статус репрезентативци и право на настап на Балканско првенство обезбедија Вукашин Јовановиќ во категорија деца 14 година до 52 кг. и  Адријан Симоновски во категорија деца 12 години до 52 кг.

Вукашин Јовановиќ по четврти пат стана државен првак во својата категорија  и е еден од најсилните адути за освојување на Балкански медал во Истанбул. Адријан Симоновски ја потврди својата добра форма и ова му е второ финале на државните првенства. Останатите четворица натпреварувачи  Теодор Павловски, Андерј Јакимовски, Петар Вучевски и Леа Стојкоска  имаа добар настап, но не обезедија  пласман на престојното првенство.

Во наредниот период до Балканското првенство каратистите од КК „Шампион“ ќе учествуваат на три исклучително силни  меѓународни турнири меѓу кои и на „Президент купот“ кој ќе се одржи во Софија, Република Бугарија. Овој турнир е под покровителство на Претседателот на Република Бугарија,  а минатата година земаа учество над 1700 натпреварувачи од 17 земји.

Големина на фонт
Контраст