Тргнувајки од фактот дека децата се најголемото богатство, а нивното здравје најважно Советот на родители при ООУ „Јоаким Крчовски“ со поддршка на градоначалникот Арсенчо Алексовски и директорот Драги Ристовски организираше предавање за здрава храна. На предавањето присуствуваа учениците од прво до осмо одделение, наставници и родители.
Предавач беше познатиот нутриционист Цвета Динева која со предавањето им објасни на учениците, наставниците и родителите како здраво да се хранат во училиште. Целта на ова предавање беше на учениците да им се понуди здрава и атрактивна храна.
Советот на родители за наредната учебна година се надева дека ќе понуди и здраво мени за исхрана на учениците.