Интензивни градежни активности за реконструкција и обнова на стариот пат кон манастирот Свети Јоаким Осоговски

Градоначалникот Борјанчо Мицевски направи обиколка и увид во градежните активности за реконструкција и санација на стариот пат кон манастирот Свети Јоаким Осоговски,  со цел навремено и квалитетно реализирање на предвидената динамика и навремена реализација на овој проект.

Завршена е подготвителната фаза од проектот за реконструкцијата и  обновата на стариот пат кон манастирот Свети Јоаким Осоговски и поради подобрените временски услови, во најскоро време се очекува да се започне со нанесување на комплетно нов слој асфалт со деблина од 7 см.

Во оваа фаза веќе се поставени нови рабници, асфалтни риголи и се врши надградба на постоечките  банкини, а воедно интензивно се работи и на изградбата на потпорениот зид во должина од 33 метри.

Вкупната инвестиција за реализација на овој проект е околу 16.000.000 денари, а изведувач на градежните активности е економскиот оператор СТОИМЕНОВ ДООЕЛ од Кочани.

 

 

 

Големина на фонт
Контраст