Една од специфичните целите на проектот е да се адаптира и реконструира западното крило од Домот на АРМ за да се оформи првата археолошка поставка со која ќе се реализира дамнешната желба на кривопаланчани за презентирање и запознавање на пошироката јавност со подалечната историја на градот Крива Паланка и околината.
Инаку, проектот опфаќа:
– Формирање на Центар за културно и историско наследство во Крива Паланка и негово целосно опремување со соодветна специјализирана опрема за нормално и одржливо функционирање на истиот
– Оформување на соодветен изложбен простор за поставување на првата археолошка поставка
– Изработка и издавање на книга за старите занети во регионот на Општините Дупница и Крива Паланка
– Изработка и издавање на брошура за популаризација на новоформираниот Центар за културно и историско наследство
– Организирање на заеднички културни работилници за учесници од двете општини и заедничка изложба со цел презентирање на културните вредности
– Партерно уредување на дворот од објектот во простор за рекреација со фонтана и детско игралиште
– Создавање услови за развој на културниот туризам
Дел од горе споменатите активности се реализирани, а дел од акивностите се во тек.