ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА УТВРДУВАЊЕ ДАНОКОТ НА ПРОМЕТ НА НЕДВИЖНОСТИ 1. ДОГОВОР ЗА КУПОПРОДАЖБА – Даночна пријава за утврдување данок на промет на недвижности потпишана на даночниот обврзник со платена административна такса во износ од 300 денари на уплатна сметка 840-138-03182 , приходна шифра 722315 цел на дознака заверка на пријава, ( ПП – 50) – Имотен лист во 2 (два) примерока од кои еден оригинал еден фотокопија да не е постар од 6 (шест) месеци и да е на име на сопственикот (продавачот); – Барање со платена такса во износ од 100,00 денари за секоја договорна страна на уплатна сметка 840-138-03182 , приходна шифра 722315 цел на дознака за издавање на уверенија; ( образец ПП – 50)
2.ПРАВОСИЛНИ: СУДСКА ОДЛУКА , СТЕЧАЈНО ИЛИ ИЗВРШНО РЕШЕНИЕ – Даночна пријава таксирана со 300,00 денари на уплатна сметка 840-138-03182 приходна шифра 722315 цел на дознака за издавање на уверенија; (образец ПП50) – Правосилни: Судска одлука, стечајно или извршно решение во 3(три) примерока од кои еден оригинал и две фотокопии заверени кај нотар; – Имотен лист во еден примерок на име на тужениот стечајниот или извршниот должник и да не е постар од 6 (шест) месеци; – Барање со такса од 100,00 денари за секој учесникво постапката на жиро сметка 840-138-03182 приходна шифра 722315 цел на дознака за издавање на уверенија за платени јавни давачки; 3. ДОГОВОР ЗА ДОЖИВОТНА ИЗДРШКА – Даночна пријава за утврдување данокот на промет на недвижности со платена такса во износ од 300,00 денари на уплатна сметка 840-138-03182 приходна шифра 722315 цел на дознака за заверка на пријава ; (образец ПП-50) – Договор за доживотна издршка во 3 (три) примероци од кои еден оригинал и две фотокопии заверени кај нотар, а со кое е запрена оставинската постапка поради постоење на договор за доживотна издршка; – Барање со уплатена такса од по 100,00 денари за секоја договорна страна на уплатна сметка 840-138-03182 приходна шифра 722315 цел на дознака за издавање на уверенија ; (образец ПП-50) 4. ДОГОВОР ЗА ЗАМЕНА – Две даночни пријави за утврдување на данокот на промет на недвижности потпишани посебно од договорните страни – учесниците во размената, со платена такса од 300,00 денари за секој учесник во замената односно 600,00 денари на уплатна сметка 840-138-03182 приходна шифра 722315 цел на дознака за заверка на пријава ; (образец ПП-50) – Договор за замена во 6 (шест) примероци потпишани од договорените страни; – Имотни листови од двете договорни страни од кои еден оригинал и еден фотокопија и да не се постари од 6 (шест) месеци; – Барање со платена такса од по 100,00 денари за секоја договорна страна на уплатна сметка 840-138-03182 приходна шифра 722315 цел на дознака за издавање на уверенија за платени јавни давачки ; (образец ПП-50) ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА УТВРДУВАЊЕ ДАНОК НА НАСЛЕДСТВО И ПОДАРОК 1. Договор за дар – Отстапување на имот за време на живот – Даночна пријава за утврдување данок на наследство и подарок потпишана од даропримачот – примателот со платена такса од 300,00 денари на жиро сметка 840-138-03182 и приходна шифра 722315 за заверка на пријава (образец ПП–50); – Договор за дар – отстапување на имот за време на живот во 6 (шест) примероци и потпишани од договорените страни; – Изводи на родените – венчаните за даропримачот-ите, примателот-ите и да не е постар од 6 (шест) месеци; – Барање со платена такса во износ од 100,00 денари за секоја договорна страна на жиро сметка 840-138-03182 и приходна шифра 722315 за издавање на уверенија за платени јавни давачки; (образец ПП–50) 2. Оставинско (наследно) и тестаментално решение, записник за судско порамнување и записник за извршена судска и физичка делба – Пријава за утврдување данок на наследство и подарок потпишана од примателите на имот ( законските и тестаменталните наследници, порамнувачите и учесниците во физичка делба ) со платена такса во износ од 300,00 денари на жиро сметка 840-138-03182 и приходна шифра 722315 за заверка на пријава; (образец ПП–50) – Правосилно , Оставинско тестаментално решение како и правосилен записник за судско порамнување односно физичка делба во 3 (три) примероци од кои еден оригинал и две фотокопии заверени кај нотар; – Имотни листови во еден примерок на име на оставителот, тестаторот или на сосопствениците и да не е постар од 6 (шест) месеци; – Барање со платена такса од по 100,00 денари за секој учесник во постапката на жиро сметка 840-138-03182 и приходна шифра 722315 за издавање на уверенија за платани јавни давачки; (образец ПП–50) 3. Договор за дар-отстапување на имот за време на живот и договор за физичка делба – втор и останати наследни редови -Даночна пријава за утврдување данок на наследство и подарок потпишана од примателот на имотот со платена такса од 300,00 денари на жиро сметка 840-138-03182 и приходна шифра 722315 за заверка на пријава; (образец ПП–50) – Договор за дар отстапување на имот – физичка делба во 6 (шест) примероци потпишани од договорените страни; -Имотен лист во два примерока на име сопственикот –сосопствениците и да не е постар од 6 (шест) месеци; -Извод на родените за сите договорни страни и да не е постар од 6 (шест) месеци; – Барање со платена такса од по 100,00 денари за секоја договорна страна на жиро сметка 840-138-03182 и приходна шифра 722315 за уверенија за платени јавни давачки. (образец ПП–50) |