Претставници на Општина Крива Паланка присуствуваа на Саемот на региони на Југоисточна Европа што започна вчера во Радовиш, а ќе трае до 9 јуни. Организатори на настанот се Општина Радовиш и Центарот за локален развој (ЦЕЛОР). Претставени се чeтиринаесет региони од следните земји: Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија, Косово, Хрватска, Грција, Црна Гора, Молдавија, Данска и Македонија.
Целта на саемот е да се интензивира регионалната соработка на стопанско и културно ниво помеѓу земјите учеснички, да се разменат искуства, производи и услуги и воспостават нови мостови за соработка помеѓу регионите на ЈИЕ.
Општина Крива Паланка се претстави како дел од Североисточниот плански регион со свој промотивен материјал.