Општина Крива Паланка и Агенцијата за вработување на РС Македонија ја спроведуваат мерката за ангажирање на невработени лица со ниски квалификации за активности за одржување на инфраструктура и заштита на животната средина. Мерката 6.2 е дел од Програмата за работно ангажирање за вршење на јавни работи финансирана од Буџетот на АВРСМ.
Општината Крива Паланка е повеќегодишен корисник на оваа програма и во истата учествува со кофинансирање во износ од 20 % од дневниот надоместок како и обезбедување на соодветна опрема , алат и превоз на ангажираните лица.
За оваа година се ангажирани 12 невработени лица кои започна со чистење на канали и сливници за атмосферски води, отстранување на одрони, чистење на диви депонии, кастрење на гранки надвиснати над сообраќајна инфраструктура, одржување и уредување на зелените површини и други мали комунални работи.