Осум воспитно образовни асистенти се ангажирани оваа учебна година за работа со ученици со попреченост вклучени во редовниот процес на основно образование.
Општина Крива Паланка и оваа година се вклучи во Програмата за општинско корисна работа 2020 која е подржана од УНДП, АВРМ, МТСП и Општина Крива Паланка.
Во учебната 2020/2021 година преку проектот „Цело е кога има се“, а во рамки на Програмата за општинско корисна работа 2020 година, во услови на пандемија, со спазување на сите мерки и протоколи ќе се вклучат осум воспитно образовни асистенти за осум ученици со попреченост кои се вклучени во редовниот процес на образование во основните училишта ООУ „Јоаким Крчовски“ и ООУ „Илинден“.
Средствата за спроведување на Програмата за општинско корисна работа односно за проектот „Цело е кога има се“, се обезбедени од УНДП и од Буџетот на Општина Крива Паланка.
Партнери во проектот се основните училишта „Илинден” и „Јоаким Крчовски”.