Во периодот од 26 до 29 јуни Фондација Евро Центар во соработка со Општина Крива Паланка реализира две дводневни обуки за управување со лични финансии наменети за администрацијата и вработените во образованието.Обуката е составена од два модули: „Планирај ја својата иднина“ и „Управување со долгови“. Учесниците на обуката имаа можност да се запознаат со:
– Семеен буџет, финансиски цели, сезоналност на приходи и расходи;
– Итни трошоци, начини на штедење, крадливци на пари, паметно позајмување;
– Видови на кредити-основица, камата, депозит, провизија, трансакциски трошоци, трошоци на позајмувањето, колкав долг може да си дозволите;
– Планирање на пензија, осигурувања, персонален данок на доход;
– Деликвентност, опасности од презадолженост и неплаќање; повеќе опасности од презадолженост, водење контрола на Вашиот долг ;
– Алатка – Snowballing;
Наредниот циклус на обуки ќе се одржи во септември и ќе биде отворен за сите заинтересирани граѓани.
Проектот финансиски е подржан од ФООМ.
Повеќе информации на www.finansiskapismenost.mk