На 27, 28 и 29 јуни во хотел ,,Макпетрол“- Маврово се одржа Меѓународна работна средба со претставници од 21 земја од групацијата Европски зелен појас чија членка е и Македонија. Секоја од државите пренесе дел од своето традиционално богатство.Македонското еколошко друштво преку проектот ,,Осоговските Планини во Балканскиот зелен појас “ раководен од Деспина Китановска со својата презентација за Осоговието (вклучувајќи ги општините: Пробиштип, Злетово, Ранковце, Крива Паланка, Македонска Каменица и Кочани) предизвика голема заинтересираност меѓу присутните.
Во делот на традициите од Осоговието со посебно внимание беа проследени излагањата на Даница Крстевска наставник во ООУ ,,Илинден“ и Татјана Анѓеловска студент на Факлутетот за туризам (лидери на Интернационалното здружение „Slow Food“ – Осогово за општина Крива Паланка). Беа претставени традиционални јадења, пијалоци, рачни ракотворби, музички инструменти, народни ора, песни и обичаи – сè што е во склоп со традициите на кривопаланчани.