Општина Крива Паланка и НУ Центар за култура Крива Паланка во периодот од 10 јули до 27 август ја организираат манифестацијата Паланечко културно лето – Топол културен бран. Манифестацијата ќе започне со „Ноќ на македонската приказна и песна“ во изведба на Музичкиот театра со актерот Сашо Ристовски и фолк пејачката Благица Павловска, на градскиот плоштад во 20 часот.