Градоначалникот истакна дека поради летниот период и високите температури е зголемена опасноста од појава на пожари и тоа не само на отворен простор туку и на објекти, домови, па затоа упати апел до сите граѓани за внимателно постапување и преземање на сите превентивни мерки за намалување на ризиците од настапување на пожари, како и дека сите граѓани и институции треба да го дадат својот придонес во заштитата од пожари
Од страна на претставникот на Секторот за превенција при СВР Куманово, Виолета Богдановска, беше укажано дека мора да се запазуваат и практикуваат сите превентивни мерки. Покрај ова потребно е да се изврши и едукација и советување на граѓаните за заштита од пожари, а по пронаоѓање на сторителот на пожарот следуваат строги казни предвидени во повеќе закони.
Од состанокот беа донесени заклучоци во координирани активности на Општината, МВР, ЦУК, ДЗС, ЈП Македонски Шуми и Месните заедници да се преземаат превентивни мерки за заштита од пожари, да се поделат флаерите за едукација на населението и континуирано да се следат состојбите на теренот за заштита од пожари.