РЦС „Спектар“, во соработка со Општина Крива Паланка, ЈП „Комуналец“ и НВО Инфоцентар, денеска организираше јавна расправа на тема „Подобрување на управувањето со отпад во Крива Паланка – услуги и соработка со граѓаните“, која се одржа преку платформата ЗООМ.
Јавната расправа се одржа со цел да се утврдат расположивите ресурси и потребите за подобрување на управувањето со отпадот во Крива Паланка, како и зголемување на јавната свест кај граѓаните за зачувување на животната средина.
На расправата учествуваа градоначалникот Борјанчо Мицевски, директорот на ЈП„Комуналец“, Миле Марковски, претставници на инспекциските служби, претставници на рурални заедници, претставници на граѓански организации и граѓани.