Млади волонтери од Општинската организација на Црвениот крст во Крива Паланка, за време на саботниот пазарен ден, на граѓаните им делеа шишиња со вода и флаери со препораки за заштита од топлотниот бран. Најголем дел од водата и флаерите беа поделени на продавачите на тезгите и купувачите на Градскиот зелен пазар, на Градскиот плоштад и низ централното градско подрачје, каде има најголема фрекфенција на граѓани.
Освежувањето беше добредојдено и за голем број бугарски граѓани, кои редовно доаѓаат да пазаруваат во Крива Паланка во саботниот пазарен ден.
Шише вода и флаер со препораки за заштита од топлотниот бран доби и градоначалникот Арсенчо Алексовски.
Младите волонтери поделија оклу 500 шишиња вода и исто толку флаери.