Деновиве отпочнаа градежните активности за надградба на кат на детската градинка „Детелинка“ во централното градско подрачје. Работите течат со задоволителна динамика, со оглед на поволните временски услови, а изведувач на работите е „Конструктор ДОО“ од Скопје. Финансиските средства се обезбедени од Министерството за труд и социјална политика со вкупна вредност од 23.500.000 денари.
Според динамиката и временската рамка се очекува градежните активности да бидат завршени за една година.
Со реконструкцијата и надградбата на објектот ќе се подобрат основните услови за работа, но и значително ќе се зголемат капацитетите за сместување на дечиња од предучилишна возраст, со што ќе се овозможи и прифаќање на поголема група за целодневен претстој, што се јави како потреба и интерес од страна на поголем број на родители.